| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен министер за одбрана на Канада тврди дека меѓу нас живеат вонземјани (видео)

Кога за постоењето на вонземјани во раскажува некој од квартот, или некој вљубеник во теориите на зговор, веројано нема да го сфатите сериозно. Можеби Пол Хелијер ќе биде доволно сериозен за вас бидејќи е поранешен министер за одбрана на Канада и човек кој управувал за канадските вооружени сили во време на студената војна.
Хелијер во 60-тите години бил министер за одбрана, а по пензионирањето се прослави со изјавите дека вонземјаните постојат и живеат меѓу нас.
Во најновото интервју за „Russia Today“ тој тврди дека во 1961 година преку Русија до Европа летала формација од 50 НЛО. Во продолжение вели дека по долги години опсежни истражувања покажале дека меѓу нас живеат различни видови вонземјани. Наведува дека нивните посети на нашата планета се засилени во последниве десетлетија откако сме го измислиле разорното оружје.

Малите зелени наводно се плашат од човечката глупост и стравуваат дека повторно ќе употребиме атомска бомба, што би имало катастрофални последици за луѓето, но и за дојденците од свемирот.
На прашањето дали некогаш воопшто имал прилика да се сретне со вонземјани, одговорил негативно, но тврди дека видел НЛО над езерото Мускок, 120 милји северно од Торонто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top