| четврток, 6 декември 2018 |

Објавено „Годишното писмо“ од Сантерија: Што не чека во 2014 година?

На почетокот на секоја година во рамките на необичниот ритуал, свештениците на Сантерија ни откриваат мали делови од она што не чека во годината која е пред нас, објави „Портал“. Највисоките свештеници на афро-кубанската религија Сантерија, познати како балалави, нè предупредија дека 2014-тата година ќе биде одбележана со епидемии на болести, разорување на животната средина, растурање на семејствата и судири помеѓу луѓето и државите кои би можеле да прераснат во војни.

Претставувајќи го извештајот „Годишното писмо“ од својата религиска група после мистериозниот новогодишен ритуал со верско пеење и жртвување на кокошки, кози и други животни, балалавите исто така предвиделе дека оваа година ќе биде одбележана со смртта на повеќе значајни политички и верски водачи. Истакнале и дека ќе починат и некои постари луѓе, но не навеле ниту едно име.

Свештениците порачале дека меѓусебното разбирање, соработката и единството се клуч за стабилна иднина на Куба и било каде во светот.

„Дојде време младите луѓе да се отворат кон постарите, а старите луѓе да ги пречекаат со раширени раце… Дијалогот е единственото решение за овој свет“ – порача еден од свештениците балалаво, Лазаро Квеста.

Сантеријската религија е мешавина од католичката и афричката традиција Јоруба , а нејзините свештеници го објавуваат „Писмото“ секоја година околу 1-ви јануари. Американските агенции наведуваат дека пророштвото главно не е дефинитивно и понекогаш се случува некои настани да се поклопуваат со него. На пример, минатиот јануари свештениците го посетиле претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, кој тогаш се борел со ракот и почина во март. Исто така балалавите предупредиле дека во 2013-тата година ќе дојде до социјални немири кои се случија во земјите како што се Египет и Сирија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top