Дали македонските хирурзи имаат ритуали пред влегување во операциона сала? Некој сам си го вари кафето, а го пие со колегите, друг секогаш има чоколадна бомбона при себе, трет кажува куса молтива…
Кардиохиругот Сашко Јовев, ортопедскиот хирург Виктор Камнар и трауматологот Илир Хасани веруваат во својата стручност а исходот на операцијата велат дека зависи и од состојбата на пациентот. Но сите тројца имаат долгогодишни навики што ги прават пред секоја операција, објави „Сител“.
– Доста колеги и кај нас и во странство имаат ритуали од кои некои и смешни. Јас без чоколадно бомбонче не влегувам во сала – вели проф. д-р Сашко Јовев, кардиохирург.
– Имам обичај да се напијам кафе кое јас сам си го подготвувам. Не го пијам сам туку во друштво, на утринскиот колегиум на клиниката – вели доц. д-р Виктор Камнар, ортопедски хирург
-Секогаш ми се случува при потечки и критични операции, практикувам верско молење. Тоа е молитва се кажуваат два три збора и е кратка – вели д-р Илир Хасани, трауматолог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.