Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Александар Пујовски, денеска поставија камен-темелник на повеќенаменското игралиште во населбата Реонски центар.
Игралиштето е дел од владиниот проект „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта“.
Повеќенаменското игралиште ќе се простира на површина од 1.100 квадратни метри и ќе биде целосно оградено и осветлено за вечерна употреба. Ќе располага со сите спортски реквизити. Таму ќе може да се спортува мал фудбал, кошарка и ракомет.
Вредноста на игралиштето е 7 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)