Помладиот од браќата Тавитјан, виртуозот на удирачки инструменти Гаро вели дека концертната промоција на албумот „Македонско девојче 2“ на Каролина Гочева ќе биде светска.
Според Гаро, концертите кои ќе се оддржуваат во Македонската опера и балет од 20 – 24 февруари ќе бидат спектакуларни.
– Тоа ке биде вокално акустично доживување на светско ниво, како што и прилега на нашата интернационална супер sвезда:) Знам, сите ке бидете таму…бидејки тaa e нашето македонско, a светско девојче – пишува Гаро.
Македонската поп-принцеза и браќата Тавитјан неколку пати соработувале и на професионален план. Тие заедно ја преработија и старата македонска песна „Дафино вино црвено“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.