На социјалните мрежи секој ја остава својата последна порака за легендарниот музичар Оливер Драгоевиќ, кој утрово околу 5 часот ја загуби едногодишната битка со ракот.
- Почивај во мир драг пријателе со прекрасна душа, отменост, скромност и срдечност а со големина и човечност колку планина. Чест беше да се настапува заедно со тебе и да се соработува. Балкански доајен, фер човек и најголема легенда. Пријателство со нашето семејство повеќе од 4 децении. Ни беше пример за како е да си вистинска ѕвезда а толку фер и скромен. Таа чесна школа е се поретка. Благодарни сме што оставивме заедничка трага во музиката – му порача на маестрото, Гаро Тавитјан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.