Марија Шарапова го загуби рецептот за победа против Серена Вилијамс и го доживеа четиринаесеттиот пораз во низа во дуелите со Американката. Денеска Серена славеше со 2-0 во сетови во полуфиналето на турнирот во Бризбејн, Австралија и ќе ихгра во финале со Викторија Азаренка.
Шарапова како тинејџерка на 17-годишна возраст го шокираше светот со блескав триумф против Серена Вилијамс во финалето на Вимблдон пред 10 години. Тогаш црномурестата тенисерка од САД беше неприкосновена, особено на тревнатите терени во „Ол-Ингланд“ клубот, а Шарапова приреди светска сензација и ја освои првата гранслем титула. Оттогаш има само уште една победа против Серена, со вкупно 15 порази.
Во утрешното финале во Бризбејн ќе играат двете најдоброрангирани светски тенисерки. Серена е број 1 на ВТА листата и таа ја брани титулата, а Азаренка е рангирана веднаш зад неа. Во меѓусебните дуели апсолутно владее Американката со биланс 13-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.