| четврток, 6 декември 2018 |

Од СДСМ не понудиле никаков имот како гаранција за Шиповиќ

sdsmРаководството на СДСМ не го понудило својот имот како гаранција за претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, да се брани од слобода. Ова го соопшти Кривичниот суд во Скопје со јасен демант. Иако опозицијата повеќе пати тврдеше дека со свој имот гарантира за Шиповиќ, Судот ги демантираше таквите тврдења – од СДСМ никој не понудил имот како гаранција.

– Освен јавно декларираното, не се точни наводите дека дополнително раководството на СДСМ понудило по форма и содржина сопствен имот како дополнителна гаранција во текот на постапката за обвинетите да се бранат од слобода, бидејќи такви гаранции досега не се доставени на одлучување на овој суд – стои во писмното соопштение објавено на веб-сајтот на Основниот суд во Скопје.

Кривичниот суд истакна дека сите мерки се во согласност со законот.

– Судот ги отфрла сите наводи за одолговлекување и долго траење на постапката како и дека обвинетиот Шиповиќ и неговите соработници се политички затвореници, бидејќи во конкретниот случај не се работи за затвореници или осудени лица, туку за лица на кои им е определена мерка за обезбедување присуство на обвинетиот за успешно водење на кривичната постапка како законски предвидена мерка. Нејасни се и изјавите на лицата кои протестираат дека се работи за политички прогон за прикривање криминал од „Скопје 2014“, како и дека со дозволата да се бранат од слобода ќе се деблокира работата на Општина Центар.

– Судот како и повеќе пати досега укажува дека постапува и своите одлуки ги носи во согласност со Закон и Устав почитувајќи ги човековите права во текот на целата постапка која ја води во согласност со роковите предвидени во Законот за кривична постапка брзо и ефикасно со што преку примена на законот ги гарантира правата на лицата засегнати во постапката. Определената мерка притвор е законски определена мерка и истата е преиспитувана во повеќе фази во постапка од судии и совети на судии во овој суд и Апелацискиот суд Скопје кои ја оцениле потребата од нејзино постоење – се вели во писменото соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top