| четврток, 6 декември 2018 |

Рики Мартин раскина со момчето

Рики Мартин ја прекина врската со неговиот партнер Карлос Гонзалес Абел, пренесува магазинот „УС Викли“.

– Рики и Карлос заедно се договориле да ја прекинат врската, но ќе продолжат да бидат пријатели – потврди портпаролот на пејачот.

Мартин и Гонзалес во 2008 година станаа родители на близнаци кои им ги роди сурогат- мајка.

– Рики е одлучен во намерата да почне ново поглавје во животот како родител и ќе биде надвор од фокусот на јавноста за да поминува повеќе време со децата – вели неговиот портпарол.

Рики Мартин во 2010 година преку неговата веб-страница објави дека е хомосексуалец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top