| четврток, 6 декември 2018 |

Обновено: Драма во куќата на Срѓан Керим во Горно Нерези

srgan kerim

Тројца маскирани бандити се обиделе да влезат во куќа во Горно Нерези сопственост на директорот на МПМ Македонија и поранешен министер за надворешни работи, амбасадор на Македонија и претседател на Генералното собрание на ООН, Срѓан Керим, откако претходно ја исклучиле струјата, но домашните го вклучиле алармот од што разбојниците избегале.

За среќа драмата завршила без повредени, но семејството е шокирано.

Според полицијата вчера на неколку минути пред полноќ во Скопје во населбата Горно Нерези, откако претходно снемало електрична енергија, три маскирани лица затропале на вратата од куќата на С.К.(65), во која биле неговата сопруга С.Л.К.(55), нејзината мајка и уште три лица.

Домашните им отвориле на непознатите, по што тие влегле внатре и се обиделе да извршат разбојништво. Една од жените успеала да го активира алармот во куќата, што ги обесхрабрило разбојниците и тие се  дале во бегство.

Керим за 24 вести ја потврдил информацијата, но тој не се наоѓал во куќата кога се случил нападот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top