
Околу 150 протестанти од албанска националност, беа спречени да се собраа пред амбасадата на Србија во Скопје, поради кордонот од полиција, а протестот го одржаа на околу 200 метри од посакуваната дестинација.
Со албански знамиња и транспаренти воглавно напишани на албански јазик, со пароли „Дачиќ фашист“, „ Дачиќ= Милошовиќ“, „Доста со српскиот терор“ го изразија револтот, како што рекоа, поради дискриминаторската политика на Србија кон Албанците, особено оние кои живеат во Прешевската долина, Медвеѓа и Бујановац.

Меѓу протестантите беа воени ветерани на УЧК, членови на Здружението на албанските политички затвореници во Македонија, студенти од тетовскиот Универзитет и граѓани. Организатор на протестот е Фазли Велиу.

Околу 200 припадници на МВР, беа распоредени на потег околу амбасадата и на пристапните патишта до неа. Полицијата беше подготвена на виско нива во случај да ескалира ситуацијата, меѓутоа, протестот протече мирно, без инциденти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



