| четврток, 6 декември 2018 |

За Шведска Македонците веќе не се „азилантски“ проблем

лажни азилантиОд Република Македонија годинава во Шведска азил побарале 43 граѓани, додека лани таа бројка изнесувала 643. Сите барања биле одбиени, ја информирал министер за миграции и азил во владата на Кралството Шведска Тобиас Билстром министерката Гордана јанкуловска во Стокхолм.

Според МВР Билстром потенцирал дека досега ниту еден барател на азил од Република Македонија не добил азил во Кралството Шведска и дека нивните служби во моментот се фокусирани околу проблемите со бегалците од Сирија, Иран, Сомалија.

Министерката Јанкулоска ја претстави низата превентивни и репресивни мерки што државата ги презема за анулирање на злоупотребата на визната либерализација. При тоа беше посочено дека од стапувањето на сила на новите мерки, вклучително и соодветните легислативни измени македонските институции не им дозволиле излез на 7.857 граѓани за кои постоело сомневање дека сакале да ја злоупотребат либерализацијата.

На средбата заеднички било констатирано дека ваквите активности треба да продолжат во континитет, особено со засилени гранични контроли во одредени периоди во годината кога е евидентно зголемувањето на патувањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top