Михаел Шумахер денеска го слави 45. роденден. Тој по несреќата на скијање на француските Алпи се наоѓа во индуцирана кома во Универзитетската болница во Гренобл по извршените две операции на главата. Неколку стотици негови фанови се наоѓаат пред болницата со надеж дека седумкратниот шампион во Формула 1 ќе се извлече од кризата и без последици ќе закрепне од тешката повреда.
Неговото семејство испрати порака со благодарност до сите негови фанови за поддршката.
– Сите знаеме дека отсекогаш бил борец. Нема да се откаже и повторно ќе биде со нас – изјави семејството преку социјалните мрежи.
Докторите сѐ уште се воздржани од какви било изјави за неговата состојба. Денеска фановите на Шумахер од цела Европа ќе се соберат во голем број пред болницата и подготвуваат роденденско бдеење со надеж за негово целосно заздравување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.