| четврток, 6 декември 2018 |

Снежно невреме ги зафати Њујорк, Бостон, Њу Џерси…

Во Њујорк и Њу Џерси во САД е прогласена вонредна состојба поради снежно невреме. Властите ги замолија жителите да останат во своите домови. Во државата Њу Џерси се затворени и училиштата. Одложени и откажани се илјадници летови.

Првата зимска бура во 2014 година донесе ниска температура и силни ветрови кои дуваат од долината на Мисисипи до брегот на Атлански Океан. Бурата зафати делови од Нова Англија, вклучително и Бостон.

Летовите се откажани токму во периодот кога голем број луѓе се враќаат од божикните и од новогодишните празнувања. Најмногу се погодени аеродромите во Њујорк и во Бостон, откажани се 2.500, а одложени 700 лета. Аеродромите се подготвуваат за да ги згрижат патниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top