Вчера сообраќајната полиција го застанала Прајс поради ситен прекршок, не му биле чисти прозорците на автомобилот, но лажните податоци кои им ги дал на сообраќајците направиле тие да се посомневаат во него. Набргу било потврдено дека станува збор за човек по кого трага ФБИ, и покрај судската одлука според која е прогласен за мртов. За него била понудена и награда од 20.000 долари.
Прајс бил познат како финансиер кој финансира и гради цркви во Јужна Америка и со мисионерство во овој регион, со добри врски во Џорџија и на Флорида. Во 2011 година станал директор на Монтгомери банка, кога компанијата се споила со банката и го добила контролниот пакет акции. Но, наместо да инвестира, парите ги повлекол и присвоил за себе.
Сега голем дел од луѓето кои ги загубија своите заштеди велат дека не ни помислувале на „толку добар почеток на годината“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)