Соединетите Американски Држави во текот на минатата година биле најголема закана за светскиот мир, сметаат најголем дел од жителите на 68 земји во светот.
Во истражувањето, Америка е на врвот на листата на најголема закана по мирот и за неа гласале 24 проценти. Антиамериканскиот став, покрај во земјите во кои е познато дека постои, сега се јавува и во некои членки на НАТО, како Грција и Турција.
На второ место, со осум проценти е Пакистан, а потоа Кина со шест проценти. Четвртото место го делат Авганистан, Иран, Израел и Северна Кореја со по пет проценти од гласовите.
Глобалното истражување го извршиле „Светската независна мрежа“ и „Галуп“ на крајот на минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.