Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски вчера бил во Минхен на медицински прегледи во Баерн и, според информациите на „Абендцајтунг Минхен“ во летниот преоден рок ќе го засили актуелниот германски и европски шампион.
Преговорите меѓу двата големи ривали во Бундес-лигата траат веќе цела година, а Левандовски не отстапува и сака да го напушти Дортмунд и да го засили Баерн Минхен. Борусија одби понуда вредна 25 милиони евра, се обидоа да потпишат нов договор со полскиот репрезентативец, но таквата варијанта ја одби Левандовски.
Договорот му истекува во јуни 2014 година и, според правилата, 25-годишниот шпиц на Борусија може да преговара со друг клуб во зимскиот преоден рок што почнува овој месец. За ангажман на Левандовски е заинтересиран и Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.