
Малерите за Македонија пред почетокот на ЕП не престануваат. По повредите на Филип Лазаров и Наумче Мојсовски, на повреда се жали и левиот бек на РК Металург, Дејан Пецаковски, пренесува порталот sportclub.mk
Како што соопштуваат од Федерацијата, поради болки во коленото, Пецаковски останал на клупата на вечерниот тренинг на репрезентацијата и лекарите ќе решат дали е повредата сериозна и дали тој, ќе може воопшто да продолжи со тренинзите.
Доколку Пецаковски не може да продолжи со настапите за репрезентацијата, тоа ќе биде огромен хендикеп за Обрван, чиј играчки ростер е најтенок токму на левата бековска позиција. Поради повреда, Филип Лазаров сигурно ќе го пропушти ЕП и ако ситуацијата со играчот на РК Металург е сериозна, тогаш, во составот на Македонија леви бекови ќе останат Велко Марковски, Митко Стоилов и младиот Мартин Манасков.
Пред заминувањето на ЕП во Данска, репрезентацијата на Македонија ќе одигра два контролни натпревари против Црна Гора и Србија на домашен терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


