Охрид е преполн за новогодишните празници, но бројни биле и инцидентите кои настанале во текот на прославата на најлудата ноќ во годината. Денеска наутро Охриѓанец бил повреден со нож. Според полицијата нападот кој се случил околу 6 часот, го извршил негов сограѓанин на возраст од 26 години. На повредениот му била укажана лекарска помош во Општата Болница во Охрид, а напаѓачот е приведен во Охридската полиција.
Освен овој инцидент во текот на новогодишната вечер, околу 3 часот на еден од охридските бродови, се степале и тројца српски туристи. Информациите на полицијата говорат дека 19-годишно лице од Лесковац, физички нападнал две лица од Ниш. На повредените им била укажана лекарска помош во Општата болница во Охрид, каде им се констатирани телесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


