Вицепремиерот за европски интеграции Фатмир Бесими на денешната среба со новинарите посочи неколку цели и тоа: динамизирање на процесот на пристапување во ЕУ како стратегиски приоритет на државата, поефикасно користење на ИПА фондовите и поголема транспарентност во процесот на евроинтеграцијата. Бесими подвлече дека има мал пад во однос на поддршката за евроинтеграциите на Македонија, поради замореност на граѓаните и статус квото во процесот, но дека тие прават јасна разлика меѓу одвивањето на процесот и неговото стратегиско значење. Во врска со грчкото претседавање тој изјави дека на Македонија е да работи на реформите кои, како што рече, се најголемиот нејзин аргумент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ: Евроатлански интеграции веднаш, но без да се отстапи од државните и националните интереси
-
Прво името па НАТО: И Коѕиас по Ципрас му разјаснува на Заев
-
Иванов: Заморот од проширувањето на ЕУ доведе до ретроградни процеси во ЈИЕ
-
Курц: Да се обноват гаранциите за македонските евро-интеграции