Книговодителка и сопстевничка на биро за книговодство била откриена од нејзин клиент дека го краде. Полицијата утврдила дека жената си присволила 3.820 евра.
СВР Струмица поднесе кривична пријава за С.Г.(45), сопственик и управител на книговодствено биро „Економик-С“ ДООЕЛ – Струмица, за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Во текот на 2009 година, пријавената која била книговодител на фирмата „Роџо Рес“ ДООЕЛ од сметката на фирмата на име материјални трошоци подигнала вкупно 233.800 денари, по што неовластено ги присвоила за себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.