| четврток, 6 декември 2018 |

Сопственикот на компанијата ДМ: Го подарувам целото богатство, сакам да сум слободен!

Германскиот трговски синџир ДМ по многу работи се разликува од денешните компании: платите на вработените се високи, примаат 14. плата и четири пати годишно добиваат подарок-пакети од „Дрогеријата маркт“ (ДМ).

И токму кога изгледаше дека нема нови изненадувања, светот го шокираше нова вест: Гец Вернер, сопственикот на ДМ, се одрекол од целото богатство и целата сопственост ја дарувал на една добротворна фондација.

Со ваквата постапка се потврдува мислењето на многумина што го знаат Вернер – Гец Вернер е мошне необичен човек и не е чудно што и неговата компанија е таква. Позната е и неговата изрека: „Не е срамота да се збогатиш, но срамота е да умреш богат“.

Во сличен стил е и неговата порака со која ја објаснува својата необична постапка, а гласи: „ Децата имаат право на добар почеток во животот, но не и на тоа родителите да им ја осигурат животната благосостојба“.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top