| четврток, 6 декември 2018 |

Перковиќ завршил во затворска болница

Некогашниот висок функционер на тајните служби на СФРЈ и на Хрватска, Јосип Перковиќ (68), кој вчера беше притворен на барање на Германија, а врз основа на европскиот налог за апсење, завршил во затворската болница, потврди неговиот адвокат Анте Нобило.

Перковиќ беше уапсен вчера неколку часа по влегувањето во сила на законот за европска потерница. Тој е осомничен во Германија за организирање на убиството на хрватскиот емигрант Стјепан Ѓурековиќ во 1983 година во близина на Минхен.

Хрватските медиуми и претходно објавија дека Перковиќ уште за католичкиот Божик бил в болница, како и дека неколку пати во изминатите недели имал здравствени проблеми.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top