| четврток, 6 декември 2018 |

Калиопи и Есма меѓу најгламурозните – анкета на хрватски „Гламур“

Македонските пејачки се најдоа во анкетата за најгламурозни жени во 2013 година.

Третиот избор за најгламурозни ѕвезди организиран од хрватскиот магазин „Гламур“ ја претстави листата со номинираните лица. Меѓу 25 познати жени од целиот Балкан, на листата се наоѓаат и Калиопи и Есма Реџепова. Покрај нив има познати имиња како Северина, Нина Бадриќ, Лепа Брена…

Според магазинот, критериумот да се најдете на оваа листа се високи. Најгламурозните лица мора да ги исполнуваат високите стандарди на општествениот живот, професијата, хуманитарната работа и претставување во јавноста за пример.

Покрај листата на најгламурозни жени, паралаелно се избира и најгламурозен маж.

Кој ќе ја добие титулата за најгламурозен одлучуваат читателите. Можноста за гласање ја има и македонската публика, на веб-сајтот на списанието. За Калиопи или Есма може да гласате на анкетата која се наоѓа на десната страна тука.

Засега убедливо води хрватската пејачка Дорис Драговиќ.

Минатата година добитници на оваа престижна награда беа пејачката Тереза ​​Кесовија и актерот Иван Херцег. Гласањето трае до 12 јануари 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top