Фудбалерите на Манчестер јунајтед уште еднаш ги разочараа своите навивачи откако беа поразени на „Олд трафорд“ од екипата на Тотенхем со резултат 1-2 во последниот натпревар од 20. коло во Премиер лигата.
Шестиот пораз на Јунајтед му го нанесоа гостите од Лондон со погодоците на Адебајор во 34. минута и Ериксен во 66. минута, додека, пак, единствениот гол за домашните го постигна Велбек во 67. минута.
Гостите поведоа кога Ериксен со одличен центаршут го пронајде Адебајор, кој со глава го совлада Де Геа. На сличен начин Ериксен го постигна вториот гол.
Една минута подоцна Велбек по асистенција на Јанузај го намали резултатот на 2-1.
Менаџерот на Манчестер јунајтед, Дејвид Мојес, ги обвини судиите за поразот на неговиот тим.
– Игравме добро, но сме оштетени за еден пенал, голманот требаше да добие црвен картон. Неверојатно е што ништо не беше досудено. Луѓето кои ги вработуваат судиите, мора да обратат повеќе внимание. Ако тоа не беше пенал, не знам што е – рече Мојес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.