| четврток, 6 декември 2018 |

Адел заработува 65 600 долари дневно

8de2fe78813dff28ba272bb6f70673b1
Британската супер ѕвезда Адел заработува 65 600 долари (41 000 фунти) на ден, благодарение на успехот на музичките листи, покажуваат новите податоци.

Пејачката, чии два албуми “19” и “21” беа на топ листите во целиот свет, поседува 16,4 милиони долари (10,3 милиони фунти) на банкарската сметка и 7,3 милиони долари (4,6 милиони фунти) од други хонорари, открива британскиот таблоид „Сан”.

Податоците, објавени од компанијата на Адел „Мелтид Стоун”, се однесуваат за периодот до април 2012 година и покажуваат дека таа значително го зголемила своето богатство во однос на претходната година, кога имаше само 545 600 долари (341 000 фунти).

Состојбата на 24-годишната пејачка веројатно ќе се зголеми уште повеќе благодарение на хитови нејзината песна од последниот филм за Џејмс Бонд „007 координати: Скајфлаи”, за која доби Златен глобус минатиот месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top