Додека светот ја испраќаше 2013 година и ја пречекуваше 2014 година, во две болници имаа невообичаени породувања. Последните родени бебиња во 2013 и првите во 2014 година беа близначиња, а се родија со разлика од неколку минути. Сепак, во книгата на родени се заведени во различни години.
На 31 декември во 23.58 часот, Јалени Сантос Тохалино во болницата „Мед стар“ во Вашингтон роди девојче на кое ѝ го даде името Лореин Јалени Бегазо. Три минути подоцна, во 00.01 минута на 1 јануари Сантос роди и машко дете кое се вика Брандон Фердинандо Бегазо.
– Се чувствувам прекрасно. Пресреќен сум – изјавил таткото Варен Бегазо за „Еј-Би-Си њуз“.
На неколку стотици километри од таму, на ист начин се родија две сестрички- близначки. Во болницата „Трилиум Хелт Партнерс“, постарата сестричка Габриела Сагуеиро се роди на 31 декември 2013 година во 23.52 часот, а нејзината сестра Софија Салгуеиро на 1 јануари во 00.00 часот и 38 секунди.
– Ова не е лош начин да се заврши една и да се почне друга година – изјавила мајката на сестрите-близначки.
И двете мајки, како и четирите бебиња, се добри и наскоро ќе бидат со своите најблиски дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.