| четврток, 6 декември 2018 |

Државна лотарија на Македонија најавува богата понуда за Бадник

Државна лотарија на Македонија за поубава празнична атмосфера, покрај специјаните  новогодишни кола на игрите на среќа БИНГО БУМ и ТОП 5, подготвува специјални празнични кола и за големиот празник Божик. Оваа празнична понуда ќе биде спакувана во емисијата „Време за среќа“ која ќе се емитува во понеделник на 6 – ти јануари на МРТ1, стандардно по 20 часот.

„Веруваме дека „Време за среќа“ на МРТ 1 ќе понуди  повторно многу возбуда поради оваа нова понуда на празничните кола на Бинго БУМ и Топ 5. Во ова празнично Бинго Бум 9- то коло покрај задоволството да се ужива во оваа семејна игра на среќа, ќе понуди и бројни можности за интересни добивки, а меѓу нив се  и гарантираната добивка –автомобил „пежо 208“ во категоријата ЏЕК ПОТ ЛИНИЈА до 90 – тиот број“ – велат од Државна лотарија на Македонија.

Во емисијата „Време за среќа“ во понеделник на 6-ти јануари на МТВ1, ќе може да се проследи и празничното коло од најновата игра на среќа на Државна лотарија на Македонија-ТОП 5, кое пак токму за поубаво празнично уживање нуди гарантирана добивка за 5ка од еден милион денари. Уплатата  за овие празнични кола на  Бинго Бум и за Топ 5  веќе е во тек, па затоа побрзајте, во Новата 2014 зачекорете со можности за многу добивки и радост.

– Да ја почнеме и 2014 со многу добивки и среќни играчи! Среќни и бериќенти празници“ – велат од Државна лотарија на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top