| четврток, 6 декември 2018 |

Сити со победа ја почна 2014 и се искачи на врвот (видео)

Britain Soccer Premier League

Манчестер Сити на гостински терен ја започна 2014 година. Денеска гостуваше кај Свонси и осови три бода со кои се искачи на врвот на табелата.
Сити победи со 3-2 и продолжи со успешната сезона и одличната голгетерска реализација. Тимот на Мануел Пелегрини рано поведе преку Фернандињо. Свонси не успеваше да го израмни резултатот се до судиското продолжение од првиот дел. Стрелец беше Вилфред Бони. Во вториот дел „граѓаните“ брзо дојдоа до предност од два гола преку Туре и Коларов. Кога се чинеше дека мечот ќе заврши со овој резултат Бони уште еднаш се запиша во листата на стрелци, но тоа не беше доволно за да го изненадат фаворитот.
Сега Сити се наоѓа на врвот на табелата со 44 бода и се во исчекување на денешните резултати од 20 коло каде главните конкуренти за врвот Арсенал и Челси ги играат своите натпревари.


Swansea 2-3 Manchester City (All Goals) by videosondailymotion

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top