| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска: Дочекот во мирна атмосфера, без поголеми инциденти

Gordana-Jankulovska-2Новогодишната ноќ помина во мирна и празнична атмосфера, без поголеми инциденти, оцени министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која ја посети полициската станица Центар, каде се информираше за сите активности и инциденти во текот на новогодишната ноќ.

-На територија на Република Македонија регистрирани се 20 нарушувања на јавниот ред и мир, бројка која е пониска од вообичаената, во денови кога не се прославува. Во Скопје се регистрирани 4 нарушувања на ЈРМ и неколку сообраќајни несреќи без посериозни последици. Бројката на инциденти во Скопје е драстично помала- истакна Јанкулоска.

Во врска со нападот на возилото на Брза помош, министерката додаде дека полицијата има почетни информации и очекува инцидентот да биде набрзо расчистен.

Регистрирани биле и неколку обиди за кражба, меѓутоа со брзата полициска интервенција истите на лице место биле спречени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top