Данската тенисерка Каролине Вознијачки и голферот Рори Мекилрој со убава вест ја почнаа Новата година. На своите профили на Твитер, дваете големи светски ѕвезди најавија венчавка во 2014 година.
„Мојата прва победа во 2014 година. Каролине ми кажа Да“, постираше на Твитер, Мекилрој. Слична порака имаше и кај Вознијачки, поранаешната најдоброрангирана светска тенисерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


