| четврток, 6 декември 2018 |

Што се правеше светот минатата ноќ

romaniaРоманците во новата година влегоа со носење светло обоени костими или животински кожи да го истераат злото. И оваа година романски танчери го изиграа „мечкиниот“ танц, ритуал за среќа во Новата Година, за време на традиционалната парада во Команести. Со овој претхристијански ритуал, танчерите одат од куќа до куќа во селата и со пеење и танцување го тераат злото.

Германците креваат врева, бидејќи веруваат дека ги брка злите духови. Во новогодишната ноќ одат по улица ударајќи во тапани и други инструменти. Ова е само еден од различните обичаи и верувања за  новогодишната ноќ. Данците кршат чинии, Јапонците се кикотат, Бразилците носат бело, Шпанците, пак, јадат грозје.

Во Данска цела година се чуваат чинии за на 31 да ги искршат пред влезната врата на домовите на своите пријатели. Со тоа пријателството е поцврсто, па целта е да се искршат што повеќе чинии.

Според Бразилците за дочекот на новата година се облекуваат во бело бидејќи носело среќа и мир. Ѕвоната во Јапонија се огласуваат 108 пати за да ги избрка 108-те човечки слабости. По ова сите мора да се смеат за да ги избркаат злите духови.

Во Шпанија, новогодишната традиција е врзана со дванаесет зелени зрна грозје. како одѕвонуваат камбаните на полноќ, треба да се изеде по едно зрво на секој удар на камбаната. Секој удар на ѕвоното не го симболизира само часот, туку и секој месец од годината. Ако ги изедат сите 12 од последнот ѕвоно на часовникот, среќата ќе ве следи низ годината. Оваа вековна традиција наречена Лас Doce uvas de la Suerte – има уште почудeн елемент: Додека се јаде грозје, мора да се носи црвена долна облека.

Голема љубов ги чека оние кои на Нова година ќе се бакнат под имела, веруваат жителите на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top