Според традиционалниот избор на уругвајското издание на весникот El Pais бразилскиот ас Роналдињо е најдобриот фудбалер во Јужна Америка. Весникот се надева дека тоа можеби ќе му помогне да си избори место во бразилската репрезентација за Светското првенство кое што ова лето ќе се одржи во неговата татковина.
Во најреномирана анкета на континентот учествуваат спортски новинари и тренери. Поранешната ѕвезда на повеќе европски екипи, Роналдињо доби најмногу гласови бидејќи минатата година го одведе бразилскиот Атлетико Минеиро до титулата во латиноамериканскиот пандан на Лигата на шампионите Копа Лиертадорес, но не се прослави на неодамнешното Светско клупско фудбалско првенство каде што беа елиминиран од аутсајдерот од Мароко.
Второто место во изборот на El Pais од Монтевидео му припадна на двократниот победник во 2011 и 2012 година, Бразилецот Нејмар, кој исто како и својот сонародник Роналдињо походот кон светската слава го започна изминатата година од каталонскиот гигант Барселона. Трет е Аргентинецот Макси Родригез од Њувел Олд Бојс.
Наградата за најдобар тренер му припадна на Аргентинецот Хозе Пекерман, кој е селектор на репрезентацијата на Колумбија. По него се сонародниците Хорхе Сампаоло кој го води националниот тим на Чиле и тренерот на Беарселона, Герардо Мартино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


