| четврток, 6 декември 2018 |

Велика Британија: Се отворила дупка во земјата длабока 40 метри и продолжува да се шири (ВИДЕО)

Големото невреме кое ја погоди Велика Британија затвори неколку патови и пруги, а големата количина на насобрана вода во Дербишајер предизвикала одрони поради кои се појавила дупка во земјата длабока 40 метра. Дупката сé уште се продлабочува и шири.

Дел од рудникот за железо „Милдам“ кој се наоѓа близу Бакстон во Дербишајер, во текот на ноќта се срушил поради одроните и ја проголтал земјата над себе оставајќи дупка од 40 метри.

Метеоролозите ги предупредија жителите на Велика Британија месецов да очекуваат невреме и временски непогоди, што би можело да резултира со голем број на уништени домови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top