За 2014-та година, во овој момент, веќе имаме неофицијална потврда на најмалку 20 нови странски компании дека во годината која доаѓа ќе почнат градба на нови капацитети во Македонија.
Ова во новогодишното обраќање до јавноста го истакна претседателот на македонската Влада, Никола Груевски.
-Уште други десетина компании размислуваат да донесат таква одлука, и се надевам и дека и некои од нив ќе ја донесат. Ова се компании кои ќе донесат повеќе илјади нови вработувања во автомобилската индустрија, информатичките технологиии, земјоделието, текстилот, металургијата и производствените дејности, рече премиерот.
Тој посочи дека владините заложби нема да застанат тука и дека ангажирал и трет министер задолжен за инвестиции, кој го остави својот бизнис и дел од семејството во Америка и дојде да и помогне на Македонија.
-Целта ни е насекаде низ Македонија, во секој град, во секое населено место да се донесат нови можности и нови шанси за нашиот народ. Продолживме со реформите и во делот на подобрувањето на бизнис климата светската банка не рангира како 25ти во светот, подобро пласирани пред дури 21 земја членка на ЕУ. Годинава се реализираше и даденото ветување за исплатата на сите заостанати обврски кон стопанството. Се потпиша и договорот јужен тек со Русија со кој ќе се обезбедат многу поголеми количини на гас.
За граѓаните кои од било која причина задоцниле, за нови 9 месеци го продолживме рокотза откуп на дворните места по 1 евро квадрат, а за компаниите обезбедивме нови 100 милиони евра за кредити со субвенционирана камата од 5,5 проценти, истакна премиерот во обраќањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Никовски: Трошоците беа стрикно службени, донесов инвестиции од 83 милиони евра
-
Груевски: Декласифицирањето на субвенциите за странските компании ќе нанесе огромна штета и ја руши конкурентноста на државата
-
Се сомневам дека новата влада воопшто не сака странски инвестиции
-
Груевски: Стручни кадри од престижни светски универзитети СДСМ ги замени со несоодветни министри