Политикологот Ивица Боцевски во интервју за неделникот „Република“ вели дека „Не постои ниту еден период од владеењето на СДСМ, кој е подобро оценет од периодот на Грувски во демократските или во економските процеси“.
-Тоа биле години на сурово живеење, сиромашно живеење, економска пропаст и години на нарушување на демоктатијата или продолжение на едноумието. И не може тоа да биде алтернатива на актуелната власт. Може некој што може да понуди посилен економски развој и повеќе демократија.
-Гледаме сакаат да направат копија на борбата во Србија во 1996 година или 1999 година против Слободан Милошевиќ и за мене тоа е… Немам соодветен збор. Апсурд, како во филм на Буњуел… Луѓето што му се одушевуваа и кои беа петта колона на Милошевиќ во Македонија сега ги користат методите на неговата опозиција.
-И сега знаете, актуелнава влада, која овозможила визна либерализација и навлегување на интернет, ако ја споредиме со опозицијата во чиешто време се плаќаше по 35 германски марки за излез од земјата и толку за враќање, а една телефонска линија чинеше 1.000 германски марки, опозиција, за која отворањето кон светот значеше само за еден непосреден семеен тесен круг, а сите други требаше да бидат еден вид на закрепостени селани, не е алтернатива. Алтернатива е некој што може да даде многу повеќе. Ова сега не е алтернатива. Ова е враќање кон минатото.
Целото интервју со Ивица Боцевски прочитајте го во новиот број на неделникот „Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Тарик Филиповиќ: Жив актер на сцената сѐ уште е мамка за луѓето да доаѓаат во театар
-
Аница Добра, актерка: Навистина ја имам најдобрата професија на светот!