| четврток, 6 декември 2018 |

Местото каде што се повреди Шумахер е надвор од скијачките патеки во Мерибел (фото)

Местото каде што асот во Формула 1, Михаел Шумахер, падна и се повреди е надвор од предвидените патеки за скијање во познатиот центар Мерибел во Франција.

Популарниот Шуми беше пренесен во болницата во Гренобл, а се наоѓа во кома и ситуацијата е критична за животот на 44-годишниот Германец. Докторите објавија дека е направен оперативен зафат на мозокот за да се спречи крвавењето и истакнаа дека следните два се клучни за Шумахер – дали ќе успее да се избори во најтешката битка, што ја бие за сопствениот живот. Падот бил тежок, а 7-кратниот шампион во Ф1 удрил со главата во камен или карпа, по што кацигата се скршила на два дела.

schumacher

 

Михаел е долгогодишен страствен скијач, а во Мерибел има своја куќа.

meribel

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top