Петмина христијани се уапсени во Техеран за време на прославата на Божик, а истите се соочуваат со постојани ограничувања и прогонувања.
Иранските безбедносни сили насилно влегле во куќа која имала улога на црква, а каде се наоѓала група христијани кои се собрале за да го слават Божик на 24 декември.
Тие биле уапсени, но моментално не се знае нивната судбина – дали се уште се во затвор или биле пуштени на слобода.
Божиќ е еден од најважните и најголеми празници во христијанската релиција, време кога се слави раѓањето на Исус.
Сепак, христијаните во Иран не можат да ја доживеат оваа магија на празникот, затоа што постојано се во страв.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


