Цел град во Северна Дакота, САД, се евакуираат по вчерашниот судир меѓу два товарни воза во близина на градот. Властите на Каслтон во им препорачаа на локалните жители кои живеат на растојание до осум километри јужно и источно од Каслтон, чие население брои нешто над 2.300 луѓе, привремено да ги напуштат своите домови.
Ваквата одлука на властите уследи по метеоролошките прогнози дека ветерот би можел кон градот да го насочи токсичниот чад од цистерните со нафта, кои се запалиле по железничката несреќа.
Композиција од нафтени цистерни вчера се судри со друг воз, кој превезувал житарки. Во инцидентот нема настрадани, но биле слушнати пет експлозии, по што избувна пожар. Десет вагони се уште се во пламен, а постои опасност огнот да зафати уште десетици.
Во близина на местото каде што се случи железничката несреќа се наоѓа фабрика за производство на алкохол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


