Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги спушти големопродажните цени на пораките за 75 отсто, од два на половина денар. Се отвора можност и мобилните оператори да ги намалат цените на пораките.
Законската процедура, која вклучува јавна расправа и предлози од операторите заврши во декември, а, според законот, големопродажните цени влегуваат во сила на 1 јануари, посочуваат од АЕК.
АЕК годинава за 70 отсто ги намали цените за интерконекција во мобилната телефонија и за 30 отсто цената за пристап до најголемиот фиксен оператор.
Сите овие мерки, според Агенцијата за електронски комуникации, треба да придонесат за намалување на цените за потрошувачите и пониски цени на СМС во мобилната телефонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.