| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциск најдобро облечен маж за 2013 година

Папата Франциск е, дефинитивно, најмодерниот папа што некогаш постоел.

Тоа го докажа уште една титула што му припадна на поглаватарот на Католичката црква, и тоа таа за најдобро облечен маж во 2013 година, според изборот на магазинот „Есквир“ (Esquire).

Уредникот на списанието признава дека оваа одлука е многу необична и неконвенционална, но дека папскиот скромен и едноставен стил на облекување ги освоил и сметаат дека тој најавува нова ера на Католичката црква.

Пред еден месец, магазинот „Тајм“ го прогласи папата Франциск за личност на годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top