| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ би размислил дали да прими Нобелова награда во друштво на Тачи

Српскиот премиер Ивица Дачиќ синоќа изјави дека можноста да ја добие Нобеловата награда за мир се мери со промили и оти таа тема треба да се остави настрана, но и ако ја добие, сериозно ќе размисли дали треба да ја прими во друштво на косовскиот премиер Хашим Тачи – пренесува Танјуг.

Дачиќ за „Б92“ изјави дека и пред Тачи и пред Советот за безбедност на Обединетите нации рекол дека за него косовскиот премиер е трговец со човечки органи.

Српскиот премиер изјавил дека не барал од никого да го кандидира за таа награда, дека за неа не работел и оти тоа не го интересира.

– Дали треба однапред да кажам дека одбивам нешто за што никој не ме информираше дека сум кандидат – рече Дачиќ.

Дали Тачи треба да ја добие или не, тоа е прашање за кое ние не можеме да одлучуваме, а веројатноста да ја добијам е еднаква на промили и таа тема треба да се остави настрана. Позитивно е тоа што сме споменати по нешто добро, а дали друштвото ми се допаѓа, па не ми се допадна тоа друштво, ниту кога првпат седнав да преговарам, додаде Дачиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top