Најмалку 108 новинари и други медуимски работници се убиени во светот во 2013 година. Сирија, по Ирак и Пакистан, стана најопасна земја во светот за новинарската професија, соопшти Меѓународната федерација на новинари.
И покрај тоа што бројот на убиени новинари е намален за десет проценти во однос на 2012 година, Федерацијата упати „итен апел до владите од целиот свет да стават крај на неказнувањето на насилството врз новинарите“.
За новинарите оваа година најсмртоносна беше Сирија, каде што беа убиени 15 новинари, потоа во Ирак 13, Пакистан, Филипините и Индија по десет, Сомалија седум и Египет со шест.
Федерацијата, која претставува 600 илјади новинари од 134 земји, напоменува дека 29 проценти од жртвите се во азиско-пацифичкиот регион, 27 отсто се во Блискиот Исток и од арапскиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка