| четврток, 6 декември 2018 |

Следните 48 до 72 часа ќе бидат пресудни за Шумахер

По тешкиот пад при скијање, Михаел Шумахер се наоѓа во болницата во Гренобл и е во критична состојба. На легендарниот Германец му се влошила состојбата по првата операција, која лекарите ја оцениле како многу тешка. На операција на главата му бил отстранет еден тромб, од лекарскиот тим велат дека повеќе нема да даваат информации за неговата здравствена состојба. Следната прес-конференција е закажана за утре.

Кога пристигнале спасувачите тој бил при свест, но во Гренобел бил донесен во кома. Тој моментално е под анестезија да го држи во кома за да може неговиот мозок побрзо да заздрави исто така го држат во фаза на хипотермија, која што го лади мозокот на температура од 34 до 35 степени за да се намали притисокот.

– Проблемот со било која повреда на мозокот е тоа што тоа е многу деликатен орган. Черепот неможе да се шири, па кога мозокот се шири се прави притисок и го сопира дотокот на крв. Се прекинува и дотокот на кислород и тогаш се влошува повредата и тоа може да го убие – вели Питер Ендрус, професор за интензивна нега.

– Целта сега е да го контролираме притисокот на мозокот, бидејќи е во критична состојба – вели Питер Хачинсон. Со оглед дека хипотермијата ги става пациентите на зголемен ризик поради тоа што тие тогаш се подложни на инфекции, посебно инфекција на градите. Следните 48 до 72 сати се пресудни за опоравувањето на Шумахер – додаде Хачисон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top