Бразилската манекенка Жизел Бундшен и ја исполни желбата на болното девојче Карин Хавиер која сакала да ја запознае.
Тинејџерката Карин Хавиер веќе две години води борба со рак на коските. Таа ја обожува модата и убавината па затоа на таа тема има блог на интернет.
Нејзин омилен топ модел, а воедно и инспирација е бразилската манекенка Жизел Бундшен која решила да ја изненади Карин и да и ја исполни нејзината желба.
Карин била воодушевена од нејзината посета, таа на нејзиниот профил на „Инстаграм“ напишала дека била во шок кога ја запознала Жизел и дека таа секогаш ќе биде нејзина инспирација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


