Со месеци се шпекулира дека познатиот бразилски супермодел Жизел Бундшен (35) е пред развод со сопругот Том Брејди, ѕвезда на американскиот фудбал.
Несогласувањата меѓу брачната двојка ескалирале кога Жизел дознала дека нејзиниот сопруг минатиот јуни со приватниот авион ги одвел Бен Афлек и поранешната дадилка на неговите деца во Лас Вегас. Дадилката Кристин Узинијан е всушност и главната причина за разводот на актерот и Џенифер Гарднер.
Според „US Weekly”, Жизел е бесна на Том откако дознала дека тој не и открил се поврзано со тој лет. Кристин (28) во август на „Твитер“ ја споделила фотографијата на која ги носи сите прстени што Брејди ги освоил во Супербол лигата.
Oва, според американските медиуми, само ја прелило чашата, која за Жизел веќе одамна била полна.
Иако постојано се заедно во јавноста, извори блиски на двојката велат дека тие имаат проблеми, но дека ова може да ги расипе обидите за смирување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.