Венчавките најчесто предизвикуваат бура од емоции кај младенците и нивните најблиски, па тешко е да се замисли како им било на Челзи и Џеф Кимел кои стапиле во брак во болницата во Колумбус Охајо заради нивниот тешко болен син.
Судбоносното Да тие го кажале додека крај нив бил двегодишниот Логан кој ги живее своите последни денови со тумор на мозокот во напредна фаза. Фотографијата која ја објавила болницата каде тој лежи многу брзо почнала да се шири на социјалните мрежи каде корисниците искажуваат жалење и поддршка за ова семејство кое минува тешки мигови.
– Ги сликав додека одеа низ ходникот кон собата на Логан. Глетката беше неподносливо тажна, но сепак говори за храброст, љубов и способност да се пронајде среќа и во апсолутно најтешките мигови во животот, изјавила мајката на невестата чие внуче околу една година се бори со тешката болест.
Сите се надевале дека малиот Логан ќе успее, но на крајот на минатата година неговата состојба драстично се влошила. Иако неговите родители планирале венчавка за 2018 година, решила тоа да го направат што поскоро за синот да биде дел од церемонијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Осум од десет родители во Македонија со ќотек ги дисциплинираат децата
-
Родител да не проколне дете, тешко него
-
После разводот од тенисерот актерката се омажи за милијардер, а на венчавката се појави со предлабоко деколте
-
И принцезата Дајана ќе биде дел од венчавката: Еве како Хари ќе ја донесе мајка му на свадбата