| четврток, 6 декември 2018 |

Театарска група „Адоболс“ – аматери поради љубовта кон театарот

Ние има­ме не­нор­ма­лен ен­ту­зи­ја­зам. Мно­гу е ва­жен мо­мен­тот на са­мо­мо­ти­ва­ци­ја. Ние од ма­зо­хи­стич­ки при­чи­ни се за­ни­ма­ва­ме со ова. Сме до­а­ѓа­ле во си­ту­а­ци­ја и про­е­ктот да се отка­же, да се ис­по­ка­ра­ме. На кра­јот на прет­ста­ва­та го слу­ша­те ап­ла­у­зот, се пок­ло­ну­ва­те два­па­ти, три­па­ти пред пуб­ли­ка­та и ни­кој не мо­же да знае кол­ку сте сре­ќен од оваа стра­на, ве­ли еден од чле­но­ви­те

Ка­ко да имаш уште ед­но, па­ра­лел­но се­мејс­тво, ама тоа та­му е дру­го, ток­му та­кво ка­кво што си го за­мис­лу­ваш. Без днев­на по­ли­ти­ка, без се­рии и оз­бо­ру­ва­ња, без по­сред­ниш­тво и под­мет­ну­ва­ње соп­ки. Ме­сто и лу­ѓе со кои ќе рас­теш, ќе со­зре­ваш, ќе раз­го­ва­раш, ќе учиш. И на крај ќе глу­миш во прет­ста­ва. Ако си ама­тер, не си про­фе­си­о­на­лец, ќе би­деш по­го­лем про­фе­си­о­на­лец и од про­фе­си­о­нал­ци­те во те­а­три­те. Ва­ка глас­но раз­мис­лу­ва­ат чле­но­ви­те на ама­тер­ска­та те­а­тар­ска гру­па „Адо­болс“ од Те­то­во.

Ни­ко­гаш тол­ку бр­зо не ми по­ми­на­ло вре­ме­то кол­ку со овие пет­ми­на од вкуп­но се­дум те­а­тар­ски фа­на­ти­ци, кои во март го­ди­на­ва ја оди­граа дра­ма­та „Хај-фај“ по текст на Го­ран Сте­фа­нов­ски, а во ре­жи­ја на Ан­дре­ја Ѓор­ѓе­ски. Еден и пол час ми лет­на за миг, а јас по­сто­ја­но слу­шав за љу­бо­вта кон те­а­та­рот, не­из­мер­на­та љу­бов кон те­а­та­рот… Со ист жар збо­ру­ва­ат и за прет­ста­ви­те и за ма­ки­те – и за зак­лу­че­ни­те вра­ти, а про­ба­та е ве­ќе за­ка­жа­на и за не­ма­ње стру­ја и не­ма­ње гре­е­ње и за пра­ве­ње про­би во по­дру­ми, во ви­кен­дич­ки…

Ама­тер­ска­та те­а­тар­ска гру­па „Адо­болс“ ја со­чи­ну­ва­ат Ан­дре­ја Ѓор­ѓе­ски, Ме­ри Ка­та­ли­ниќ, Го­ран Гли­го­ри­е­ски, Ме­ли­са Це­но­ска, Бо­рис Си­мов­ски, Мар­тин Бил­би­лов­ски и Дра­ги Не­дел­чев­ски. Не за­бо­ра­ва­ат да ги спо­ме­нат и суф­ле­рот Мир­чо Ко­чов­ски – Џин­ле, тон-мај­сто­рот Ни­ко­ла Ди­мов­ски – Т’мни­ца, Сре­ќко Ја­ни­ќи­е­виќ – Ган­ди, ка­ко и пор­ти­рот во До­мот во Те­то­во Али Љу­ма. На раз­го­во­рот во Скоп­је, од оправ­да­ни при­чи­ни, не при­сус­тву­ваа Си­мов­ски и Бил­би­лов­ски. Ни­кој од нив не е актер по про­фе­си­ја. Си­те си има­ат дру­ги за­ни­ма­ња, ама за­ед­нич­но им е љу­бо­вта кон те­а­та­рот.

03

– Ов­де се со­бра­ни по еден фи­ло­лог, еко­но­мист, пе­да­гог, прав­ник, но­ви­нар. Ние сме вљу­бе­ни во те­а­та­рот. Се поз­на­ва­ме цел жи­вот би­деј­ќи и фа­ми­ли­јар­но сме по­вр­за­ни. На­ши­те ро­ди­те­ли се при­ја­те­ли. Гру­па­та „Адо­болс“ по­стои ед­на го­ди­на, ама ние со те­а­та­рот сме цел жи­вот. „Адо­болс“ е са­мо при­ро­ден тек на ра­бо­ти­те. На­ши­от најм­лад член ни го да­де име­то, кое зна­чи „сло­бо­да“, чи­та­но на­о­па­ку и тоа е из­ва­док од дра­ма­та „Хај-фај“. Иа­ко сум про­фе­сор, од љу­бов ра­бо­там во те­а­та­рот од 1999 го­ди­на, имам шест те­а­тар­ски про­е­кти зад се­бе од кои овој пос­лед­ни­ов, со мо­и­те те­а­тар­ски со­бор­ци, е нај­се­ри­о­зен. По­твр­да за тоа бе­ше на­ши­от на­стап во Драм­ски те­а­тар во Скоп­је и кри­ти­ки­те што ги до­бив­ме. Дел од оваа еки­па ра­бо­те­ше со ме­не и во „Ви­кенд на мр­тов­ци“ со ко­ја, исто та­ка, го­сту­вав­ме во Драм­ски – ја поч­ну­ва при­каз­на­та Ѓор­ѓев­ски.

Исто­ри­ја­та на те­а­тар­ски­от жи­вот во Те­то­во е мно­гу бо­га­та. Оваа актер­ска дру­жи­на е са­мо про­дол­жу­вач на таа тра­ди­ци­ја. Те­то­во отсе­ко­гаш имал обра­зо­ва­на те­а­тар­ски пуб­ли­ка, ко­ја зна­е­ла да пре­поз­нае, да це­ни, да мол­чи ко­га тре­ба, зна­е­ла да на­гра­ди и се­ко­гаш ко­га има­ло прет­ста­ва од ко­ја би­ло од гру­пи­те што ра­бо­тат, са­ла­та е пре­пол­на, а со­би­ра 600 гле­да­чи. Во овој пер­и­од има пет-шест ама­тер­ски те­а­тар­ски гру­пи со раз­лич­на про­грам­ска ше­ма, кои ра­бо­тат во Цен­та­рот за кул­ту­ра. Во Те­то­во по­ра­но има­ло и про­фе­си­о­на­лен те­а­тар. Се­га има са­мо Те­а­тар на ал­бан­ска­та дра­ма. Прет­ста­ви­те на си­те гру­пи се одр­жу­ва­ат во Цен­та­рот за кул­ту­ра во Те­то­во „Иво Ан­тев­ски – Смок“.

„Хај-фај“ – пос­лед­на акту­ел­на пре­ста­ва

Драм­ски­от текст на Го­ран Сте­фа­нов­ски „Хај-фај“ по втор­пат се по­ста­ву­ва на сце­на во Ма­ке­до­ни­ја, овој пат од ама­тер­ска гру­па. До­де­ка го под­го­тву­ва­ле тек­стот, овие те­тов­ци, си­те до еден пр­га­ви, ер­бап лу­ѓе, би­ле во кон­такт со авто­рот, кој со го­ди­ни жи­вее во Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, а на прет­ста­ва­та во Драм­ски, во Скоп­је, чест им сто­рил и до­шол да ги гле­да и чич­ко­то на Го­ран, до­а­је­нот на те­а­тар­ска­та кри­ти­ка во Ма­ке­до­ни­ја, Ри­сто Сте­фа­нов­ски. Бла­го­дар­ни се и на кри­ти­ка­та на Бор­че Гроз­да­нов, кој им по­де­лил мно­гу комп­ли­мен­ти за нив­на­та ра­бо­та отка­ко бил го­стин на пре­ми­е­ра­та во гра­дот под Ша­ра.

Си­те нив­ни прет­ста­ви се по­се­те­ни, пре­диз­ви­ку­ва­ат ин­те­ре­си­ра­ње, по­себ­но кај пуб­ли­ка­та од ма­ке­дон­ска­та на­ци­о­нал­ност, со ог­лед на тоа де­ка Те­то­во не­ма на­ро­ден те­а­тар. Но, тие не се до­жи­ву­ва­ат та­ка.

02

– Те­а­та­рот, ме­ѓу дру­го­то, по­ма­га во за­чу­ву­ва­ње на кул­тур­ни­от иден­ти­тет на еден на­род, а тоа во сре­ди­на ка­ква што е Те­то­во, за Ма­ке­дон­ци­те е из­во­нред­но важ­но и ние сме свес­ни за тој мо­мент, но јас отсе­ко­гаш сум бил инс­пи­ри­ран од са­ми­от те­а­тар, сам по се­бе. Ра­бо­ти­ме во те­шки ус­ло­ви и не­ма­ме си­ла се­ко­ја го­ди­на да го по­ми­ну­ва­ме тоа. Не­мам си­ла мо­и­те те­а­тар­ски со­бор­ци да ги те­рам да ра­бо­тат на ми­нус 25 сте­пе­ни. Ние си­те, се­пак, ра­бо­ти­ме дру­га ра­бо­та. Ег­зи­стен­ци­ја­та и пла­та­та ја ва­ди­ме од дру­го ме­сто. Ова го ра­бо­ти­ме са­мо и единс­тве­но од љу­бов. Ама­те­ри сме по­ра­ди амо­ре – по­ра­ди љу­бо­вта кон те­а­та­рот, а не за­тоа што сме пос­ла­би од про­фе­си­о­нал­ци­те. Од­вре­ме–на­вре­ме, мо­же­би, и ни не­до­сти­га не­што во из­вед­би­те, ама це­ли­на­та е до­бра. Ба­рем та­ка ни рек­ле – ве­ли Ѓор­ѓе­ски.

Спо­ред не­го, збо­рот ани­ма­ци­ја зна­чи да ожи­ву­ваш не­што и ако тие ја ожи­ву­ва­ат ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка во Те­то­во, тоа зна­чи де­ка е умре­на.

– Ако таа е умре­на, то­гаш не­кој мо­ра да ја ожи­вее. Тоа би би­ло то­вар за нас ка­ко ама­те­ри, ние да ја ожи­ве­е­ме ве­ќе умре­на­та пуб­ли­ка во Те­то­во. Ва­ков си­лен текст од Го­ран Сте­фа­нов­ски е ани­ма­ци­ја са­ма по се­бе – до­да­ва про­фе­со­рот.

Нај­во­зрас­ни­от во гру­па­та, Дра­ги Не­дел­чев­ски по­вто­ру­ва де­ка тие во ни­ту еден мо­мент не по­мис­ли­ле да ја де­лат пуб­ли­ка­та или да шти­тат не­што и да на­па­ѓа­ат.

04

– Јас и мо­и­те ко­ле­ги во те­а­та­рот сме ток­му и иск­лу­чи­тел­но за­ра­ди те­а­та­рот.  Иск­лу­чи­тел­но сме са­мо за сопс­тве­но за­до­волс­тво, да би­де­ме ар­ти­сти, што зна­чи еден мо­мент да би­де­ме не­што дру­го од тоа што сме во жи­во­тот и да на­пра­ви­ме прет­ста­ва со ко­ја ќе пре­не­се­ме уни­вер­зал­ни по­ра­ки и, мо­же­би, ќе ѝ се до­пад­не на те­тов­ска­та пуб­ли­ка, без раз­ли­ка на на­ци­о­нал­но­ста. Ние си го жи­ве­е­ме на­ши­от жи­во­тец та­му во Те­то­во. Одр­жу­ва­ме про­би во не­воз­мож­ни ус­ло­ви, во пе­кол­на тем­пе­ра­ту­ра, на мраз, на ми­нус 20 сте­пе­ни. Пла­ќа­ме од свој џеб за са­ла­та ко­га ја да­ва­ме прет­ста­ва­та – ве­ли Не­дел­чев­ски.

Тој го­во­ри и за ен­ту­зи­јаз­мот што им е по­тре­бен за да истра­јат до кра­јот на се­ко­ја пре­ста­ва.

– Ние, не­нор­мал­но, има­ме го­лем ен­ту­зи­ја­зам. Мно­гу е ва­жен мо­мен­тот на са­мо­мо­ти­ва­ци­ја. На мо­мен­ти по­мис­лу­вам де­ка ние со ова се за­ни­ма­ва­ме од ма­зо­хи­стич­ки при­чи­ни. Сме до­а­ѓа­ле во си­ту­а­ци­ја и про­е­ктот да се отка­же, да се ис­по­ка­ра­ме. Но, на кра­јот на прет­ста­ва­та го слу­ша­те ап­ла­у­зот, се пок­ло­ну­ва­те два­па­ти, три­па­ти пред пуб­ли­ка­та и ни­кој не мо­же да знае кол­ку сте сре­ќен од оваа стра­на. Во де­неш­но вре­ме, во тр­ка за па­ри, за моќ, во ова праг­ма­тич­но и гроз­но вре­ме не­ма ме­ра за на­ша­та љу­бов кон те­а­та­рот – до­да­ва не­фор­мал­ни­от фо­то­граф на дру­жи­на­та.

При­каз­ни­те на дру­ги­те чле­но­ви…

Ме­ри Ка­та­ли­ниќ, иа­ко кон­ку­ри­ра­ла на Фа­кул­те­тот за драм­ски умет­но­сти во Скоп­је, не ус­пе­а­ла да вле­зе во пр­ви­те де­сет. Би­ла 11. на спи­со­кот. Но, тоа не ја по­ко­ле­ба­ло, за­вр­ши­ла друг фа­кул­тет, но љу­бо­вта кон те­а­та­рот не пре­ста­на­ла. Има три на­гра­ди од Драм­ски­от ама­тер­ски фе­сти­вал.

– Зад се­бе имам пет­на­е­се­ти­на уло­ги. Играм и ма­шки ли­ко­ви. На кра­јот на де­нот, се­ко­гаш са­ми ре­ша­ва­ме во кој про­ект ќе учес­тву­вав­ме, со ко­го ќе со­ра­бо­ту­ва­ме, ка­ко за­ем­но ќе се бо­ри­ме за тоа што го са­ка­ме – го об­јас­ну­ва Ка­та­ли­ниќ сво­јот по­рив кон те­а­тар­ска­та игра.

За тоа кол­ку е таа вљу­бе­на во те­а­та­рот до­вол­но го­во­ри фа­ктот што ле­то­во за­ми­на­ла за Бри­о­ни, Хр­ват­ска, за­ед­но со две дру­гар­ки за да ја гле­да прет­ста­ва­та „Оди­сеј“, ко­ја ја ре­жи­ра­ше Але­ксан­дар По­пов­ски, а по текст на Сте­фа­нов­ски. Глав­на­та уло­га во таа пре­ста­ва ја игра Ни­ко­ла Ри­ста­нов­ски, а „Фол­тин“ се авто­ри на му­зи­ка­та.

– Та­му се срет­нав со Сте­фа­нов­ски и тој бе­ше вчу­до­ви­ден ко­га му се прет­ста­вив. Бе­ше из­не­на­ден ко­га раз­бра де­ка са­мо по­ра­ди прет­ста­ва­та сме про­па­ту­ва­ле по­ве­ќе од 1.000 ки­ло­ме­три – ја рас­ка­жу­ва случ­ка­та Ме­ри.

За дип­ло­ми­ра­ни­от но­ви­нар Го­ран Гли­го­ри­ев­ски не­го­ви­те ко­ле­ги има­ат са­мо уба­ви збо­ро­ви и не се ште­дат ко­га ве­лат де­ка тој би бил мно­гу поз­нат свет­ски актер, ко­га би бил про­фе­си­о­на­лец. И тој си ја про­бал сре­ќа­та на ФДУ, но и тој ка­ко Ме­ри, на кра­јот за­вр­шил друг фа­кул­тет.

– Мо­е­то пр­во учес­тво во те­а­та­рот бе­ше во 2002 го­ди­на. От­то­гаш, се­ко­ја го­ди­на има­ме ми­ни­мум по две прет­ста­ви. Не­ко­гаш са­ми­те се пра­шу­ва­ме да­ли вре­ди во­оп­што си­от овој труд што го вло­жу­ва­ме, таа жр­тва што ја да­ва­ме за те­а­та­рот. Пра­ктич­но, ние ри­зи­ку­ва­ме и ра­бот­ни ме­ста, ка­ра­ни­ци со се­мејс­тво­то би­деј­ќи ег­зи­стен­ци­ја­та ни е од дру­ги из­во­ри. Сло­бод­но­то вре­ме, кое тре­ба да се по­ми­ну­ва со се­мејс­тво­то, ние го по­ми­ну­ва­ме во те­а­тар. Ама, пу­сти­от наш ина­ет и љу­бов не нѐ оста­ва­ат да се­ди­ме мир­ни. Утре не­кој да му ка­же на Ан­дре­ја да пра­ви­ме прет­ста­ва тој вед­наш ќе се сог­ла­си. По се­ко­ја прет­ста­ва си ве­лам: ова ми е пос­лед­на, не­ма ве­ќе! И ко­га ќе ме по­ви­ка­ат, вед­наш се сог­ла­су­вам – ве­ли Гли­го­ров­ски.

01

Ме­ли­са Це­но­ска е најм­ла­да­та член­ка во гру­па­та. Таа уште вед­наш би поч­на­ла да под­го­тву­ва нов лик, са­мо че­ка да ѝ се да­де знак. На 16 го­ди­ни ко­га отиш­ла на ед­на прет­ста­ва, слу­чај­но, би­ле­тот ѝ бил за во пр­ви­от ред. Ка­ко што се од­ви­ва­ла прет­ста­ва­та, таа на мај­ка ѝ ѝ рек­ла: Што ба­рам јас ов­де во гле­да­ли­ште­то, ме­не ме­сто­то ми е та­му, на сце­на­та. И не по­гре­ши­ла.

– За вре­ме­то со кое ама­тер­ски се за­ни­ма­вам со актерс­тво­то, еве ве­ќе де­сет­та го­ди­на, имам по­ве­ќе прет­ста­ви. Жел­ба­та за те­а­та­рот ми ја раз­бу­ди ток­му акту­ел­ни­от ре­жи­сер Ѓор­ѓе­ски, чи­ја­што прет­ста­ва ја гле­дав то­гаш. Тоа бе­ше прет­ста­ва­та „Ви­кенд на мр­тов­ци“. При кра­јот на сред­но­то обра­зо­ва­ние бев на мис­ла да се за­пи­шам на ФДУ, но то­гаш ус­ло­ви­те беа по­ло­ши, та­ка што на кра­јот сум еко­но­мист. Те­а­та­рот е, мо­же­би, ед­на од ре­тки­те ра­бо­ти што ме ис­пол­ну­ва­ат. Ни­ко­гаш не е доц­на, мо­же ќе се пре­мис­лам. Сѐ би да­ла са­мо ако мо­же ко­га ќе ста­не­ме од ов­де, од ова ме­сто ка­де што сме, да оди­ме да поч­не­ме со но­ви про­би за но­ва прет­ста­ва – рас­ка­жу­ва Це­но­ска.

– Јас сум во уло­га и на ре­жи­сер и на про­ду­цент. Мно­гу е важ­но да се одр­жи про­ба­та во до­бри ус­ло­ви, да си одиш ре­ла­кси­ран, от­пу­штен. Ко­га, до­а­ѓаш и не­кој ти „вле­гол“ во тер­ми­нот. И ама­те­ри­те и про­фе­си­о­нал­ци­те ра­бо­тат исто, са­мо што про­фе­си­о­нал­ци­те има­ат поб­ла­го­при­јат­ни ус­ло­ви. Ко­га ќе за­вр­ши прет­ста­ва­та ние пла­че­ме од жал би­деј­ќи не­ма да би­де­ме тол­ку за­ед­но, не­ма тол­ку да се дру­жи­ме – ја за­вр­шу­ва Ѓор­ѓе­ски при­каз­на­та за „Адо­болс“.

Нив­ни­от не­про­фе­си­о­на­лен ан­гаж­ман ги пра­ви уште посп­ло­те­ни во тоа што го ра­бо­тат, во кое не се ште­дат ни тро­шка и ед­вај че­ка­ат да поч­нат да го под­го­тву­ва­ат но­ви­от про­ект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top