| четврток, 6 декември 2018 |

Буфон: Немам ништо против геј фудбалерите, само нека играат добро

Капитенот на италијанската фудбалска репрезентација и на Јувентус, Џанлуиџи Буфон за „Газато дело Спорт“ изјави дека нема ништо против геј фудбалерите и го наведе расизмот како еден голем проблем во Италија.

– Мислам дека во досегашната кариера уште не сум бил во ист тим со некој фудбалер кој е хомосексуалец. Секако, кога би имале таков соиграч во Јувентус, мене единствено што ќе ми биде важно е тој да допринесува за клубот и за нови победи – изјави Буфон.

– Сериозен проблем е расизмот, но не само по бојата на кожата, туку и по регионите од кои играчите доаѓаат. Луѓето се трудат да пронајдат разлика меѓу себе и другите раси. Дури и важно е од кој град доаѓате. Сепак, не верувам дека навивачите прават инциденти од омраза, туку дека така сакаат да го истакнат нивниото потекло. Не можам да замислам како се чуствуваат оние кои се на мета на расистите, но казните секако треба да бидат строги – додаде Буфон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top