| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев го донесе Дедо Мраз кај најмалите фудбалери

Фудбалскиот интернационалец Горан Пандев заедно со Дедо Мраз им донесе новогодишни пакетчиња на најмалите фудбалери од Академијата „Пандев“.

Денеска на тренинг во спортската сала „Парк“ во Струмица на генерацијата од 2005/2006 година, која брои околу 60 деца, Пандев и Дедо Мраз делејќи им ги пакетчињата на малите „пандевци“, ги наградија и со фотографирање.

Фото: Струмицанет

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top